Достапни линкови

Курилски острови: Руската погранична патрола убила еден јапонски рибар


Еден јапонски рибар бил убиен, а неговиот брод и тројца членови на посадата биле заробени од страна на руска погранична патрола во водите на спорните Курилски Острови за кои и Јапонија и Русија тврдат дека се нивни. Јапонското министерство за надворешни работи од Русија побарало објаснување за инцидентот. Според руската амбасада во Токио, руската патрола отворила оган откако јапонскиот рибарски брод не ја послушал наредбата да запре.
XS
SM
MD
LG