Достапни линкови

logo-print

Прага: Владата на Јиржи Пароубек си поднесе оставка


Коалиционата влада на чешката Социјалдемократска партија предводена од премиерот Јиржи Пароубек денеска си поднесе оставка. Пароубек поладнево оставката треба да ја достави до претседателот на Чешка Вацлав Клаус, кој најави дека ќе го именува лидерот на Граѓанската демократска партија (ОДС) Мирослав Тополанек за нов премиер на земјата. Со ова се отвори можноста, за формирање на новата Влада, два и пол месеци по парламентарните избори кога и левицата на Пароубек и десницата на Тополанек добија подеднаков број пратенички места.
XS
SM
MD
LG