Достапни линкови

Следуваат години на борба против тероризмот, оцени Буш


Години на борба против тероризмот, вели американскиот претседател Џорџ Буш во врска со ризикот по безбедносната ситуација во Соединетите Држави и во светот. Од друга страна, токму оваа борба против тероризмот, како што покажуваат последните испитувања на јавното мислење, го продлабочува јазот меѓу муслиманскиот и западниот свет.

Американскиот претседател Џорџ Буш вели дека неодамна спречениот обид за напади врз авиони на летовите од Британија за Америка биле доказ дека земјата со години ќе се справува со терористите. Говорејќи пред Националниот контратерористички центар во Вашингтон тој изјави:

„Тој заговор, оваа зграда и она што се работи тука навистина ни покажуваат со кои предизвици се соочуваме и ќе се соочуваме во претстојните години.“

Рече Буш кој оцени дека најдостоинствена работа на федералната влада, е заштитата на земјата.

„Соединетите Американски Држави водат војна против екстремистички групи на луѓе кои се поврзани со иста идеологија и кои го користат теророт за да ги постигнат нивните цели.“

Според Буш, Либан бил токму еден од фронтовите на кој терористи на Хезболах, Хамас и Ал Каида се обидуваат да ја осуетат американската програма за ширење на слобода во светот. Меѓутоа, најновите анкети велат дека тоа всушност предизвикува обратен ефект, односно дека конфликтот во Либан само ќе го продлабочи јазот меѓу муслиманскиот и западниот свет, и особено Соединетите Држави. Во последното американско испитување на јавното мислење спроведено во шест мулсимански и шест западни земји, луѓето на мисење дека анти американското расположение во муслиманскиот свет ќе биде зголемено, меѓу другото и поради поддршката на Вашингтон на Израел во последната војна. Исто така поддршката за Америка е во опаѓање и во оние муслимански земји за кои се смета дека и се нејзини партнери како например Турција и Јордан. За повеќето луѓе таму, војната против тероризмот всушност претставува американски обид во директна пресметка да се ослаби мулсиманскиот свет. Или, како што се наведува, ескалација на насилството на Блискиот Исток само ја зацврстува перцепцијата на муслиманите дека Западот, предводен од американците, води војна против исламот што пак придонесува за јакнење на екстремните сили во регионот. Многумина експерти се на став дека во ерата на глобализација погрешно е сфаќањето дека некој може да се чувствува побезбеден, доколку другите ги натера да се чувствуваат понесигурни.
XS
SM
MD
LG