Достапни линкови

Сите страни во конфликтот се губитници, оценува Пол Салем од Карнеги Институтот


Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации ги запре борбите меѓу Израел и припадниците на Хезболах. И двете страни изјавуваат дека се победници во судирот, а американскиот претседател Џорџ Буш оцени дека на Хезболах претрпел пораз. Пол Салем, директор за Блискиот Исток во Карнеги Институтот, во разговорот со новинарот на Радио Слободна Европа Хитер Маер, оценува дека сите страни во конфликтот се губитници.

„Мислам дека сите страни се губитници до извесен степен. Израел го загуби чувството на непобедлива и голема сила, Хезболах загуби многу проектили, но и политичката позиција во Либан, Иран загуби добар дел од својата воена подршка во Либан, а Соединетите Држави уште повеќе го нарушија својот имиџ во регионот.“

Оценува експертот за Блискиот Исток Пол Салем, кој сепак смета дека доколку во целост се примени резолуцијата на Советот за безбедност, извесен губитник би можел да биде Хезболах. Но, додава Салем, најголем губитник во конфликтот секако е Либан, како држава. Загинаа многу либанци, инфрструктурата е разорена, а политичката ситуација е искомпликувана до крај, па постои реална опасност од граѓанска војна. За изјавите на припадниците на Хезболах дека го поразиле Израел, Салем вели:

„Секако, на Хезболах му треба да ги опишува случувањата, и покрај сите загуби, како воена и политичка победа, што и не е сосема без основа. Хезболах е можеби единствената арапска сила која цел месец му се спротиставуваше на Израел, а не беше поразен.“

На прашањето дали Иран, чиј сојузник е Хезболах, по овој конфликт зивлече некаква корист, аналитичарот Пол Салем оценува:

„Од една страна Иран доби некаква популарност кај арапскиот свет поради подршката на Хезболах кој им се спротистави на израелците. Но, од друга страна, загубите што ги претрпе Хезболах го намалија неговиот капацитет воено да застане зад Иран во случај на напад од Израел или од Соединетите Држави. Мислам дека светот сега повторно ќе се сврти кон иранската нуклеарна програма.“

На крајот, експертот за Блискиот Исток, Пол Салем оценува дека примирјето во регионот ќе се почитува, бидејки и Израел и Хезболах, како и меѓународната заедница имаат интерес да се почитува.
XS
SM
MD
LG