Достапни линкови

Лондон: Намалено нивото на безбедност во САД и Британија


Соединетите Држави и Британија го намалија нивото на безбедност што беше подигнато во минатата недела откако беше откриен голем терористички заговор за уривање авиони на летовите меѓу Британија и Америка. Сепак, и во двете земји е објавено дека тоа не значи оти опасностите се целосни надминати. Инаку, во текот на ноќта авион на Бритиш Ервејз на половина лет за Њујорк бил вратен во Лондон откако во авионот заѕвонел мобилен телефон за кој никој од над двестата патници не се изјаснил дека е негов. Истрагата покажало дека мобилниот не бил опасен.
XS
SM
MD
LG