По потпишувањето на Охридскиот договор, од денешна перспектива има различни мислења и критики. Вашето мислење?
Охридскиот договор, е историски настан и до него дојде поради тоа што се случи вооружен конфликт во Македонија и тој договор, како политички договор, има своја вредност, а каква е историската вредност ќе оценуваат идните генерации. За сега мислам дека настанот беше позитивен бидејќи македонските граѓани ги спаси од една кризна состојба која можеше да прерасне во граѓанска војна.
Токму поради оние критики кои веќе ги споменав на сметка на Охридскиот Договор, вашето мислење, односно да ни кажете каква беше тогаш атмосферата, дали можеби беше потпишан под притисок?
На некој начин сите ние бевме под притисок, ние политичарите, Владата, дипломатите, па и граѓаните, затоа што во тоа време зборуваше оружјето. Секако одговорноста на нас кои ги водевме тие преговори беше голема, бевме пред една историска одговорност и може да се рече дека од страна на меѓународните дипломати имаше некаков вид притисок за да дојдеме до компромиси, оти до секој договор се доаѓа преку компромиси. Тие се понекогаш болни, како кој ги доживува меѓутоа и двете страни направија компромис и дојде до тој договор.
Сметате дека компромисот беше неопходен во тој период?
Секако дека беше неопходен оти во друг случај, случувањата ќе одеа во друга насока која беше многу сериозна, а ние несмеевме да го дозволиме тоа.
Се коментира и неговата концепција, за едни станува збор за јакнење на индивидуалните човекови права, за други право на колективитети?
Концепцијата е мешана, има и од едната и од другата страна, меѓутоа преовладува концепцијата на општите права бидејќи таков е и духот на договорот.
Значи сепак според вас идејата беше и за јакнење на правата на колективитетите или како што е утврдено во Уставот ,,заедниците,,?
Секако, за заеднците. Тоа беше утврдување на некаква висина на тие права, бидејќи порано имаше тенденции тоа да се случи и без војна, но политичарите не успеаа тоа да го сторат без војна.
Како гледате на Македонија пет години подоцна?
Изгледа Македонија не отишла многу далеку, иако политичката ситуација е стабилизирана до некаде, мислам навистина ,,до некаде,, бидејќи потполна стабилизација сеуште нема. Ги гледме овие заканувања и при изборите, и после нив, главно по мене е незадоволството на народот поради тешката економска ситуација на земјата која рефлектира и некаков вид дестабилизација. Таа дестабилизација немора да биде меѓуетничка, туку може да биде и социјална дестабилизација поради економската ситуација во земјата.
Велите Македонија не отиде далеку. Што е причината? Не е ли подобрана состојбата, не е ли реализиран Охридскиот Договор или можеби дали се надминати некои од недостатоците што требаше да се поправат со усвојувањето на овој договор?
Што се однесува до политичките елементи на договорот има напредок. Некои клаузули на тој договор веќе се реалност, меѓутоа има уште работи кои треба да се исполнат за тој потполно да се реализира. Секако Законот за јазиците, потоа пропорционалната застапеност на етничките заедници во јавната администрација не е сеуште постигната, меѓутоа тоа е тоа.
Понекогаш во делот на пропорционалната застапеност се посочува дека проблемот е во тоа што нема соодветни кадри?
Не е вистина дека нема соодветни кадри, за тоа недостасува политичка воља за тоа. Да речеме во полицијата се бараат многу услови, а се знае дека албанците не биле во ситуација да го имаат тоа искуство и да бидат на тие работни места за да се стекне тоа како услов.
Треба ли можеби да се отвори прашањето на конфликтот, да се почне со утврдување на состојбата, што всушност се случуваше во 2001-та година?
Секако тоа ќе го сторат и историчарите и академиите на науките, меѓутоа политичарите се должни состојбата да ја контролираат за да недојде до ситуацијата која беше во 2001-та година.
Доволна ли е според вас оваа дистанца од пет години, за да се отвори тоа прашање?
Мислам дека не е доволна, ќе треба сеуште време оти таа концепција треба и научно да се разработи во склоп на случувањата во регионот и Европа воопшто.
Вие бевте потписник на Договорот, но набрзо по неговото потпишување се повлековте од политиката. Што беше причината? Дали можните притиосоци, дел од стручната јавност коментира дека некој од надвор го ,,скроил,, Рамковниот Договор, дали можеби тоа беше незадоволство и беше една од причините да си заминете од политиката?
Моја работа беше да дојдам до тој политички договор и да се спасиме од вооружениот конфликт. Немав некои намери и не бев мотивиран да бидам долго во политиката, а и здравјето некако ме напушти, затоа по постигнувањето на тој Договор, сметав оти другите треба да водат политика, јас го направив тоа што можев да го направам во едно кризно време.
Дали тоа значи дека не планирате повторно да се вклучите. Немате интерес за тоа?
Интерес секако постои кога човек гледа што се случува и кога човек е сигурен дека можеби може и подобро да го направи, но не во вакви услови кога ,,секој на секого пука,,.
На овие избори мнозинството гласови од албанскиот електорат го доби ДУИ, на ДПА се посочуваше како традиционален партнер на ВМРО ДПМНЕ поради онаа народна концепција. Како сметате дека тоа треба да биде во иднина?
Правило е дека Влада формираат партиите кои имаат мнозинство. Во Македонија има две мнозинства, македонско и албанско, и тоа мнозинство треба да формира Влада, принципилено тоа е така. Меѓутоа мандаторот може секако да состави Влада и со повеќе партии и да го достигне тој цензус. Меѓутоа грижата е нешто друго, кај мене и кај многу луѓе што ги познавам овие структури ВМРО ДПМНЕ и ДПА беа на власт кога земјата дојде до војна и некако скептичен сум дека може да ја водат правилно државата. Овие четири години имаше и успеси и неуспеси, меѓутоа дојде до политичка стабилизација, секако сега сум загрижен дека нема да го прават она што е потребно.
Дали тоа значи, дека според вас во иднина во Владата треба да влезе онаа албанска политичка партија која го добила мнозинството?
Историјата кај нас е многу сиромашна, нема некоја политичка традиција и политичка елита формирана поради одредени политички програми, и тука станува збор за интерес. Јас морам тоа да го кажам, дека соработката меѓу нив е позната кај народот и се виде до кај се стигна со таа соработка.
Сметате ли дека токму поради немањето традиција во овој момент е потребно некакво правно прецизирање?
Секако правно прецизирање треба да има, меѓутоа и без тоа логично е дека кој добил на изборите тој формира партија, без разлика на тоа кој со кога има традиција. Да речеме ПДП имаше традиција со СДСМ меѓутоа, ПДП веќе ја нема таа политичка сила и веќе неможе да биде партнер.