Достапни линкови

Хавана: Фидел Кастро го прославува 80-тиот роденден


По повод 80-тиот роденден на кубанскиот претседател Фидел Кастро, весникот на комунистичката младина на Куба, денеска објави неколку фотографии од Фидел Кастро и порака од него до јавноста, во која тој укажува дека се чувствува ,,многу,, подобро, но оти сеуште постои ризик по неговото здравје, откако беше опериран поради крвавење на дигестивниот тракт. На првите досега фотографии од хоспитализирањето на Кастро, се гледа како кубанскиот лидер седи, облечен во тренерка и разговара на телефон.
XS
SM
MD
LG