Достапни линкови

Аналитичарите сметаат дека не постои опасност од радикализација


До 16-ти кога треба да биде соопштен составот на новата Влада, ДУИ и ПДП остануват на локациите во Северозападна Македонија и Скопје, со блокадите што ќе траат неколку минути подолго:

,,Од понеделник времетраењето на протестите продолжува за уште 15 минути. Со ова му праќаме порака на мандаторот да размисли како понатаму, и како ќе владее.,,

Вели Рафиз Алити од ДУИ.
Партиите постигнале согласност и како ќе постапат по 16- ти, но без детали. Тоа отвора претпоставки, што на пример може да се подразбере под најави за можност од т.н. радикализација. Дали станува збор за политичка непослушност преку напуштање на парламентот и на институциите, или за посегнување кон оној дел од палетата на радикални форми какви што Македонија имаше во време на воениот конфликт. Аналитичарот, Ѓунер Исмаил вели:

„Она што нашата земја го виде пред некое време, сметам дека тие се невозможни од проста причина што ние не сме сами на Балканот и всушност зборуваме за контекст на Рамковниот договор, а тој ако ДУИ незнае или заборавиле, има и гаранции и во таа смисла и гранции дека ќе треба да бидат прашани, што тие мислат за радикализацијата.“

Според аналитичарот Назми Малиќи сепак прашањето со ДУИ останува реален проблем и за него треба да се бара решение имајќи ги предвид изборните резултати. Со оглед на сегашната состојба тој смета, дека политичкиот амбиент треба да биде на висина на одговорноста на државата:

„Но политичките партии, ДУИ и ПДП и ДПА, како партии од албанскиот блок не треба да се доведат во тој однос да неможат да комуницираат меѓу себе за да се факторизира односот на албанските гласачи во идната Влада. Вториот дел од одговорноста сигурно ќе следи и во ВМРО ДПМНЕ и во нејзините коалициони партнери, зошто во тој однос се движат работите, кога на еден најнормален начин треба да се доведат можностите за комуницирање, за се што значи промовирање на програмата на идната Влада и едноставно да научат од сегашните грешки и тие да не се повторуваат.“

Во меѓувреме ДУИ вели дека ја контролира ситуцијата на теренот каде што се одржуваат пртестите. По случаите каде беа регистрирани одредени оштетувања на возила, МВР вели дека ќе бидат преземени санкции
XS
SM
MD
LG