Достапни линкови

Либан: Најмалку 11 цивили загинале во воздушни напади на северот на Иран


Најмалку единаесет цивили загинале во воздушните напади на израелската војска на северот на Либан. Се наведува и тоа дека израелската авијација изутрината извела дванаесет напади и врз јужното предградие на Бејрут. Новинските агенции јавуваат дека денеска биле интензивирани и судирите на југот на Либан и покрај тоа што Израел го суспендира планот за проширување на копнената офанзива со цел да се најде дипломатско решение на конфликтот. Агенциите прецизираат дека израелските сили напредувале кон градот Хаим и оти во градовите Марџајун и Клаја вовеле полициски час.
XS
SM
MD
LG