Достапни линкови

ЕСМ тргна во наплата на долговите


Т.н мртва сезона во повеќето институции од областа на културата ќе заврши со целосен мрак. Тоа им се случи и на министерството за одбрана, на Факултетот за драмски уметности и на повеќе основни и средни училишта, откако австрискиот газда на ЕСМ тргна во наплата на долговите, најпрвин од државните институции.

„За нас сите потрошувачи се еднакви и секој што нема да си ја плати струјата ќе биде исклучен од мрежата. ЕСМ исто така има свои обврски кон свои добавувачи кои треба да ги плати, така што наплаќањето на своите побарувања е единстевниот начин за подмирување на сопствените обврски,“

Вели Ленче Карпузовска од ЕСМ.

Средствата што институциите од областа на културата ги добиваат за тековни трошоци се малку и затоа се случи да останат неподмирени долгови за струја
во последнава година, објаснува портпаролот на министерството за култура Тодорче Тасевски:

„Министерството за култура редовно ги изврши обврските кон овие институции за тековно работење, во што спаѓаат и сметките за електрична енергија. Очигледно дека овие средства не се доволни и министерот Стефановски повеќе пати посочи дека треба да се најде начин за поинакво менаџирање со овие институции, за да се најдат средства за нивно тековно работење.“

Ние имавме други приоритеи, велат во министерството за образование и затоа училиштата и другите образовни установи останале без струја:

„Ова е последица на тоа што Министерството во изминатиот период имаше друг приоритет, беа потребни средства за друга намена. А, од друга страна, долгот кон ЕСМ ќе се намири со средствата од ребалансот на буџетот. Наредните денови ќе се изнајде решение училиштата да имаат електрична енергија,“

вели портпаролот на министерството за образование, Нуман Салаи. Во министерството за култура се обидуваат да најдат начини за плаќање на
струјата на рати. Во двете министерства велат дека е можно одговорноста да лежи и во одредени раководители поради распоредувањето на средствата за
тековни трошоци, но и дека треба да се изнајдат начини и самите установи да прибираат средства со оглед на тоа што државниот буџет не ги покрива целосно нивните тековни трошоци. Некои од институциите како што се факултетот за драмски уметности, министерството за одбрана и други веднаш по исклучувањето отпочнаа враќање на долгот и струјата им беше вратена. ЕСМ почна со исклучување и на приватните корисници кои имаат големи долгови.
XS
SM
MD
LG