Достапни линкови

logo-print

Националната припадност не е критериум за пријателствата


„Добро вечер, јас сум Гордана Спасовска, а вие сте со вестите на македонски јазик“

Вака Гордана спикерка на телевизјата на албански јазик Алсат речиси секоја вечер им се обрака на гледачите.Во телевизјата вработените се претежно Албанци и Гордана е мегу малкуте Македонци кои работат за програмата на македонски јазик. Таа вели дека меѓуетничките односи во средината во која се работи се одлични

„Луѓето не ги двојам по националност, дали се Македонци или Албанци. Луѓето се или луѓе или не, и не ми пречи тоа што работам во албанска телевизија,“

вели Гордана и додава дека одсекогаш имала и лични пријатели од албанско етничко потекло а нивните односи не се промениле ниту за време на конфликтот во 2001 година:

„Јас отсекогаш сум имала пријатели Албанци и за жал сметам дека Албанците можат да бидат многу подобри пријатели отколку Македонците.“

Петрит Сарачини познат во јавноста како Мра, пејач во групата Сешн Селекшн спротивно од Гордана е Албанец кој функцинира во опкружување со Македонци.
На жаргонски наречените свирки во неколку скопки кафе барови тие обично свират странски песни а на забавите има луѓе од сите етнички заедници,
Од свое лично искуство за функцинирањето со различните нациналнисти Петрит вели:

„Јас функционирам одлично и со Македонци и со Албанци и со Срби и со Роми. Не е проблемот од каква националност е човекот. Сум ги бирал луѓето по други критериуми.“

И според него најголем придонес за подобрување на мегу етничките односи може да дадат самите луге кои како што вели воопшто не се познаваат едни со други

„Особено младите луѓе, прашајте ги каде е Куршумли Ан, или саат кулата, има луѓе што воопшто не прешле од другата страна на Вардар, во Чаир и Топана. Значи, имаме проблем што ние самите се отуѓуваме од себе.“
XS
SM
MD
LG