Достапни линкови

Сменета методологија за позитивен трнд


Индустриското производство во Македонија бележи пораст од 4 % во однос на минатата година, покажуваат најновите статистички податоци. Економскиот аналитичар Душан Вељковиќ, се сомнева во веродостојноста на оваа бројка. Според него, Македонија се наоѓа во длабока економска криза во која особено изразено е распаѓањето на индустрискиот сектор.

„Мислам дека има некои штимања на податоците. Изменија методологија, направија позитивни трендови, а реално имаме опаѓачки тенденции. А и пораст од четири насто не е голем, тоа не е динамика, туку среќна околност за и понатаму да не се продлабочува тој тренд,“

вели Вељковиќ

Во исто време, статистичките податоци покажуваат и тренд на опаѓање на откупот на земјоделските производи за 29 проценти во однос на минатата година.
Според Вељковиќ, намалениот окуп на земјоделските производи во Македонија не е никакво изненадување.

„Секоја година се намалува откупот на земјоделски производи.“

Намалениот откуп на земјоделски производи е резултат на ниските откупни цени кои во изминатите 15 години не се корегирани, а за исто време неколкупати се зголемија трошоците, објаснува првиот човек на Сојузот на земјоделци, Вељо Тантаров.

„Заради високите трошоци за земјоделство и неорганизираност, најголем дел од земјоделците ги напуштаат своите ниви и бараат друго чаре. Ние сме единствена држава што земјоделците ги има напуштено во буџетот.“

изјави Тантаров

Од државниот завод за статистика соопштуваат дека во изминатите три години обемот на индустриското производство во земјава се зголемило во просек за 13 отсто. Најмногу се зголемило производството на прехрамбени производи и пијалоци, тутунски производи, предметите за облека и хемиските производи, а
Пад на производствот е забележан во секторот снабдување со електрична енергија, гас и со вода.
XS
SM
MD
LG