Достапни линкови

Израел ги продолжи воздушните напади врз цели на Хезболах


Израел ги продолжи воздушните напади врз цели на Хезболах во Либан. Најжестоки копнени борби се водат околу упориштето на Хезболах во Бинт Џбаил. Жртви има во кампот во близина на Сидон каде што две лица биле убиени, а 15 тина ранети. Во долината Бека пак загинале 5 лица. Израелскиот кабинет треба да реши дали ке ја прошири офанзивата што значи уште 5 илјади војници во офанзива кај реката Летани. Во меѓувреме, по забелешките на делагацијата на Арапската Лига во Советот за Безбедност на Обединетите Нации и натаму се работи врз француско американската резолуција за прекин на огнот.

Во Советот на Безбедност на Обединетите Нации до утре не се очекува гласање за француско – американската резолуција за прекин на огнот во Либан поради забелешките на Арапската лига. Катарскиот министер за надворешни работи Шеик Хамад ал Тани изјави дека доколку веднаш не се постигне прекин на огнот и доколку во резолицијата не биде вклучено Израелско повлекување од Либан, земјата ќе се соочи со граѓанска војна. Либанскиот министер за надворешни работи Тарек Митри изјави дека е загрижен затоа што во резолуцијата само се повикува Израел да ги запре офанзивните акции.

„Сите ние знаеме дека Израел никогаш своите акции не ги смета за ништо друго освен за дефанзива. Сите војни што ги лансираше Израел досега во нашаат земја ги сметаше за самоодбрана. Затоа оваа резолуција го остава Либан ранлив на вољата на Израел.“

Советот за Безбедност, според либанскиот министер Митри, останал пасивен додека во Израелските напади гинат стотици цивили.

„Пред 27 дена побаравме итен прекин на огнот. Кога загинаа над 900 лица побаравме итен прекин на огнот. Над 3 илјади повредени, пак побаравме итен прекин на огнот.“

Израелскиот амбасадор во Обединетите Нации Дан Гилерман одговори на обвинувањата дека цели на Израел биле намерно цивили. Според него токму Хезболах ги користи цивилите како човечки штит, а Израел има право да се брани.

„Верувам дека луѓето на Либан, низ сета болка која ја почуствуваа во изминативе недели, видоа дека Хезболах кој вели дека се бори за нивна кауза го остава оружјето веднаш до постелите на заспаните деца.“

Израелскиот амбасадор во Обединетите Нации Дан Гилерман уште еднаш повтори дека конфликтот не за територијата на Либан туку дека е против терористите.
XS
SM
MD
LG