Достапни линкови

Тулон: Кризата во Либан ја загрозува стабилноста на Блискиот Исток, изјави Жак Ширак


Францускиот претседател Жак Ширак денеска изјави дека кризата во Либан ја загрозува стабилноста во регионот на Блискиот Исток. На прес конференцијата што ја одржа во градот Тулон Ширак исто така истакна дека би било ,,неморално,, од меѓународната заедница да се откаже од повикот за итен прекин на огнот во Либан и предупреди дека воената солуција не може да биде решение за кризата. Франција и Соединетите Држави ја предложија нацрт-резолуцијата во Советот за безбедност на ОН, а францускиот претседател денеска истакна дека во нацрт текстот би можеле да се земат в предвид барањата на либанските и арапските претставници, но не прецизираше кои.
XS
SM
MD
LG