Достапни линкови

Вашингтон: Заслужени санкциите кон двете руски компании за оружје, соопшти Стејт Департментот


Американскиот Стејт Департмент истакна дека двете руски компании, државна извозна компанија за оружје Рособорон-експорт како и компанијата за произвдство на авиони од типот Сухои ги прекршиле американските закони и ги заслужиле санкциите што се воведени кон нив. На 4 август Соединетите Држави освен кон овие две руски фирми воведоа санкции за забрана за тргување и кон уште пет други компании за оружје од Индија, Северна Кореа и Куба, поради тоа што му продавале забранети материјали на Иран кои би можеле да бидат искористени за производство на оружје за масовно уништување.
XS
SM
MD
LG