Достапни линкови

Европа: После високите температури и сушата, поплави во Централна Европа


После високите температури и сушниот период, Централна Европа сега е погодена од поплави. Агенциите јавуваат дека во југозападниот дел на Полска поради обилните дождови дошло до критично зголемување на нивото на водата во реките Одра и Ниса, при што се поплавени неколку домови, а над 100 лица се евакуирани. Како што сооптшуваат медиумите во Словачка во јужните делови на земјата е прекинат сообраќајот на повеќе патишта и железнички пруги. Во Чешка најзагрозени се планинските предели во централниот дел на земјата, но метереолозите не очекуваат проширување на поплавите.
XS
SM
MD
LG