Достапни линкови

logo-print

Станува збор само за различни размислувања, вели владиката Методиј


Нема поделеност во редовите на МПЦ, туку секој има свои ставови околу дијалогот со СПЦ кој е прекинат и наскоро на седница на Синодот ќе се донесе одлука, ова е коментарот на владикита Методиј, откако владиците Тимотеј и Петар со нивните изјави дека МПЦ треба да иницира разговори односно дека тоа може да биде погубен чекор, најавија можност од несогласување за ова прашање:

„Секој од нас има некои свои ставови. И секако затоа се тие седници на Синодот на кои ги разгледуваме сите аспекти и потоа да донесеме една заедничка одлука. Јас лично сметам дека сигурнo работата неможе да остане во статус кво ситуација, што значи дека треба да се најде некое решение за дијалог и да видиме до каде сме навистина.“

Претходно владиката Петар изјави дека доколку Вранишковски се наметнува како услов би било погубно за МПЦ дијалог со СПЦ:

„Ние можеме да разговараме и да имаме средба, но само за да кажеме дека ние ќе разговараме само под услов ако тоа прашање се симне од дневен ред.“

Изјавата на владиката Петар дојде откако владиката Тимотеј во интервју за Радио Слобдна Европа изјави дека постои расположение во МПЦ да иницира дијалог со СПЦ додека Вранишковски е работа на судските органи:

„Тој се декларира како клирик на СПЦ со намера да замени една организирана црква. Така да не би давал поголемо внимание ниту на српските власти, ниту пак на СПЦ. бидејќи се покренати судски процеси против него.“

Според Методиј доколку Вранишковски се наметне како услов во разговорите со СПЦ тоа би значело дека немало искрени намери да се излезе од лавиринтот во кој заглави комуникацијата меѓу двете цркви:

„Мислам дека СПЦ сега веќе не е во позиција да дава услови, особено еден таков услов, освен ако тврдат дека сакаат преговори, а всушност не сакаат преговори. Тој сега постои како објективна реалност и во тој контекст треба да се разговара, но треба да се внимава да не се прават некои опасни компромиси.“

вели владиката Методиј.
XS
SM
MD
LG