Достапни линкови

Белград бара 12 општини, а Косово е за 5, плус проширување на една постоечка


Во Виена денеска и утре продолжуваат преговорите меѓу Белгард и Приштина за децентрализација на Косово. Тоа е шести обид преговорачките делегации да ги шиближат статвовите околу формирање нови општини со српско мнозинство во Покраината.

Официјален Белград на последниот состанок во Виена инсистираше на формирање дванаесет додека Приштина предложи пет нови општини и проширување на едната во која србите се мнозинство. Како и во претходните пет рунди, меѓународните посредници водат одвоени разговори со преговорачките тимови, за потоа да се седне на иста маса. Од белградската делегација изјавија дека ваквиот начин на преговарање е добар, бидејќи и на двете страни им нуди повеќе слобода во објаснувањето на нивните ставови. Контакт групата по средбата на највисоко ниво меѓу Белград и Приштина на дваесет и четврти минатиот месец, исто така во Виена, ги повика двете страни, во продолжението на преговорите за практичните прашања, да бидат поконструктивни во постигнувањето решение. Контакт групата која, како што е познато, ја сочинуваат претставници на Соединетите Држави, Британија, Германија, Италија, Франција и Русија, го повтори и ставот дека нема да има поделба на Косово и оти неговиот статус треба да биде решен на начин кој ќе ги осигура правата и безбедноста на сите граѓани. Шефицата на американската канцеларија во Приштина Тина Кајдано изјави дека дека е многу важно двете страни да покажат фелксибилност и да ги избегнуваат тензиите кои негативно влијаат врз преговорите:

Многу е важно сите страни да пронајдат начини за намалување на тензиите и одржување на стабилноста на северот на Косово.

Изјави Кајдано. Контакт групата смета дека без оглед на идниот статус на покраината, косовските албанци и срби ќе мора да разработат практични договори за северниот дел на Косово и оти децентрализацијата на локалната власт ќе им помогне на тамошните заедници да го зачуваат својот идентитет и да ги заштитат своите права. Контакт групата препорача дека по утврдувањето на статусот ќе биде воспоставена меѓународна структура која ќе ја надгледува примената на решението на целата територија на Косово. Во тоа, според Контакт групата, треба да помага КФОР кој ќе остане на Косово и по утврдувањето на конечниот ксоосвки статус. Инаку, меѓународните посредници најавија дека утре ќе ја отвореле и темата за правата и заштитата на мелцинските заедници на Косово. Со тоа не се согласува Белград бидејќи смета дека србите на Косово треба да бидат конститутивен народ. Српската страна е на став дека ова прашање треба да биде ставено на дневниот ред на преговорите за самиот статус на Косово.
XS
SM
MD
LG