Достапни линкови

Бејрут: Најмалку 14 либанци загинаа во израелските воздушни напади во Либан


Израел денеска ги продложи воздушните напади врз предградијата на Бејрут. Како што јавуваат агенциите, израелски авиони бомбардирале и едно село во јужен Либан, при што загинале најмалку 14 лица. Телевизијата што е под контрола на Хезболах јави дека најмалку 4-ца израелски војници биле убиени во копнените борби во јужен Либан. Во меѓувреме, за денеска во Њујорк е закажан уште еден состанок на Советот за безбедност на Обединетите Нации во врска со резолуцијата за запирање на израелско – либанскиот конфликт.
XS
SM
MD
LG