Достапни линкови

Багдад: Жестоки борби во багдадското предградие Садр Сити


Во предградието на Багдад, Садр Сити денеска избувнале жестоки борби, се слушнале и неколку експлозии, а дејствувале и американски авиони. Според американските сили, борбите избувнале кога сојузничките и ирачките сили започнале акција за апсење на осомничени екстремисти. Од Мосул во Багдад пристигнува и дополнителен контингент американски војници со цел да се запрат меѓу-верските насилства. Во северниот град Бакуба, бунтовниците нападнале еден контролен пункт, при што убиле 6-мина ирачки војници.
XS
SM
MD
LG