Достапни линкови

Техеран: Иран ќе ги прошири нуклеарните активности, изјави Али Лариџани


Иранскиот главен преговарач за нуклеарната програма Али Лариџани денеска истакна дека Иран ќе ги прошири активностите околу нуклеарната енергија, кога тоа ќе биде потребно, но под надзор на Обединетите Нации. Лариџани исто така ја отфрли резолуцијата на ОН во која од Иран се бара до 31 август да прекине со процесот на збогатување ураниум или ќе се соочи со санкции. Техеран смета дека резолуцијата нема легална основа.
XS
SM
MD
LG