Достапни линкови

Тешката состојба на граѓаните раѓа носталгија за убавите времиња во кои се живеело


Последниве години се погласни се граѓаните кои сметаат дека во таканаречниот перид на Тито многи подобро живееле и кои со носталгија се секаваат на времињата на поранешна Југославија. За тоа и во главниот град сведочат неколку имиња на популрни локали кои содржат синомими за Тито. Неговите следбеници формираа и партија која без разлика на бројот на таканаречените југоносталгичари на последните парламентарни избори не освои повеке од 3 000 гласови. Граѓаните велат дека еднистевно што ги врзува за тој переиод се убавите времиња во кои живееле:

„Сите работевме, немаше проблем. Никогаш подоцна од први не сум зела плата.“
„Сите дојдовме до станови, на одмор одевме, со една плата можеше да се оди.“


За разлика од некои други пост комунистички земји каде што и комунизмот како идеологија остана силен што се одразува и врз фактод дека комунистичките партии се значајни во парламентите во Македонија иако постои комунистичка партија таа воопшто не е значајна. Имено на неодамнешните избори за неа гласаа вкупно 591 лице. Политоколот Дане Талески објаснува дека граганите кај нас се врзуваат само за подобрата социјално економска положба во која што живееле а не и за идеологијата на комунизомот како уредување:

„Таа комунистичка партија не е препознаена како легитимен наследник на она време кога добро се живеело, бодејќи таа комунистичка партија се појави подоцна, кога во 91 се диференцираа луѓето, она што беше политички естаблишмент се преточи во СКМ ПДП и денеска се викаат СДСМ. Тие се демократски ориентирана левичарска партија. “

И аналитичарот Ибрахим Мехмети со сличен став.Според него на повекето грагани како што вели им е јасно дека коминизмот како уредување има краткоатрен рок односно функцинара само додека не се потрошат матријалните добра бидејки е неспосбен да создаде нови ниту пак да го зголеми економомскиот стандард.
XS
SM
MD
LG