Достапни линкови

logo-print

Граѓаните главно задоволни од услугите, но потребно е шалтерските работници да се доусовршуваат


Сликата на намален проток на движење и полупразни улици која во овој период од годината е карактеристична за главниот град, може да се преслика и пред шалтерите на која било банка. Тивко и без турканици, само неколкумина стрпливо стојат пред шалтерите, чекајќи да им се даде потребната услуга. По завршената работа, ги прашуваме за нивните искуства пред шалтерите:

„Брзо завршив, услугата е добра и брзо се завршува. Нема толку гужви.“
„Моето искуство од контакти и вршење на услуги во банките, задоволува“
„Треба да изгубиш многу време за да завршиш некоја работа.“
„Има некој напредок, но според мене минимален.“


Иако времето кога пред шалтерите се чекаше и по неколку часа и кога владееше безредие веќе е зад нас, граѓаните велат дека се уште има работи кои им пречат:

„Караници, тепаници, па погрдни зборови.“
„Ни недостасува таа култура сеуште, очигледно и Балканот придонесува.“


Иако жолтата линија пред секој од шалтерите граѓаните се обидуваат да ја почитуваат, некои од нив велат дека тоа не е доволно за спроведување на потребниот ред:

„Не само да има убави и згодни девојки позади шалтерите кои ќе ве услужат со насмевка, туку треба да има и луѓе кои што ќе ве примат и ќе ви укажат како да стигнете до шалтерот.“

Нашите соговорници имаат различни искуства со односот на шалтерските работници кон нив. За некои од нив, шалтерските службеници се љубезни и учтиви, за други пак дрзок и некоректен:

„Љубезни се, навистина.“
„Гледаат да те упатат и да помогнат.“
„Ни треба малку повеќе едукација, бидејќи тоа ќе влијае на односот. Знаете какво е расположението на луѓето и нормално тоа се одразува во секој сегмент.“
„Многу ретко може да се најде некаде каде можеш да се информираш и да завршиш работа.“


Граѓаните велат дека во летниот период од годината полесно и побрзо се завршува работа во утринските или во попладневните часови кога има помалку луѓе и нема долги редици.
XS
SM
MD
LG