Достапни линкови

logo-print

Багдад: Јапонскиот шеф на дипломатијата Таро Асо во посета на Ирак


Јапонскиот министер за надворешни работи Таро Асо денеска допатува во Багдад, на средби со неговиот ирачки колега Хошијар Зебари. Тој подоцна во текот на денов ќе се сретне и со ирачкиот премиер Нури Ал Малики и останатите ирачки претставници, со кои ќе разговара за безбедноста и економијата во земјата. Минатиот месец 600-тини јапонски војници кои беа стационирани во Ирак, ја напуштија земјата.
XS
SM
MD
LG