Достапни линкови

logo-print

Бејрут: Пет израелци загинале во ракетните напади на Хезболах врз израелски територии


Агенциите јавуваат дека Хезболах извршил преку 30 ракетни напади врз израелски територии, при што загинале пет израелци. Во меѓувреме израелската авијација ги продолжи воздушните напади врз предградијата во Бејрут и во јужен Либан, каде околу осум илјади израелски копнени сили ги продолжуваат борбите со борците на Хезболах, при што загинал еден израелски војник, а четворица се повредени. Израелски авиони извршија напади и во близина на сириската граница во регионот Аккар. Британскиот премиер Тони Блер денеска во Лондон по враќањето од Соединетите држави изјави дека се надева оти договорот што следната недела треба да биде постигнат со донесување на резолуција на Обединетите Нации ќе придонесе за завршување на тринеделните борби во Либан.
XS
SM
MD
LG