Достапни линкови

Киев: Претседателот Виктор Јушченко го номинираше Виктор Јанукович за премиер на Украина


Виктор Јануковиќ, кој е номиниран за премиер на Украина денеска изјави оти е подготвен да формира професионална и одговорна влада, која веднаш ќе започне со работа со цел решавање на многубројните проблеми во земјата. Украинскиот претседател Виктор Јушченко по неколку месечната политичка криза во земјата, синоќа донесе одлука да го номинира за премиер неговиот ривал од времето на Портокаловата револуција Виктор Јануковиќ, наместо алтерантивата за распушање на Парламентот и нови избори. Европската Унија денеска го поздрави политичкиот компромис постигнат во Украина.
XS
SM
MD
LG