Достапни линкови

Зошто празниците се политизираат?


Изразувањето на таканаречениот суперпатриотизам пред секој национален празник во земјава, е обид на политичките сили да добијат поени во јавноста. Вака политичките аналитичари ги објаснуваат бурните дискусии и дилеми за тоа како и каде треба да се празнува претстојниот Илинден. Добива ли чествувањето на овој празник политичка димензија?

„Апсолутно, би требало граѓански настани да бидат празници, не политички. Мислам дека тоа се реликти од социјализмот и се користеа за афирмација на режимот,“

вели политичкиот аналитичар Димитар Мирчев остатоци

Ова не е случај само во нашата земја. Разијдување во сфаќањата на десницата и левицата за одредени историски настани има и во Словенија, истакнува Мирчев.

„Доста историски настани се врзани со односите левица – десница од војната останати. Мислам дека националните настани треба да се ослободат од политиката и да се празнуваат.“

Уште од 1991 година, прославата на Илинден била приоритет на државните органи, се сеќава поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов.

„Се правел договор на највисоките државни органи, како ќе биде осмислена таа прослава, како надополнување на она тело за илинденските денови. Секогаш сме се договарале, затоа што не се само државни манифестации таму.“

Илинден е празник на сите граѓани, но поради неговото национално значење, на денот на прославата задолжително е и учеството на државна делегација, објаснува Андов. Дали 62 годишнината од првото заседание на АСНОМ, ќе се одбележи во Прохор Пчински или не, е прашање кое премногу се политизира, а тоа секако не треба да продуцира заладување на нашите односи со соседите, сметаат политичките аналитичари.
XS
SM
MD
LG