Достапни линкови

Љубиша Георгиевски избран за претседател на Собранието


Со 69 гласа за, 20 воздржани и ниту еден против Љубиша Георгиевски е избран за нов шести по ред претседател на Собранието. По изборот тој истакна

„Истекува еден период на политичкиот живот на Македонија кој се карактеризираше со класични напнатости на етнички план. Влегуваме во еден период кој ќе се карактеризира со европски напнатости во парламентот, напнатости во областа на економијата.“

Социјалдемократите беа воздржани. Тие со забелешки

„Политичкото искуство кое го потенцира предлагачот, а во суштина се работи на искуство или истурен фронтмен против социјал демократскиот сојуз на Македонија, при што нормално отсуствуваат автентични идеи за решавање конкретни проблеми во македонското општество,“

рече Никола Курчиев од СДСМ

Освен за партиите кои учествуваат во разговорите за состав на новата влада, Љубиша Георгиевски прифатлив и за ВМРО-Народна партија

„Зошто ВМРО-Народна ќе гласа за, затоа што во време на интелектуалниот хаос, кога македонските интелектуалци не сакаа, или пак можеби не сакаа да влезат во десната политичка проминенција, беше единствениот интелектуалец со сериозно портфолио кој застана во десната партија,“

вели Валентина Божиновска од ВМРО-Народна.

Пратениците од ДУИ незадоволни од тоа што нема да учествуваат во новата влада, а добија мнозинство од албанскиот блок, не присуствуваа на седницата:

„Очекувавме дека за овој чин ќе биде направена клима за консензуален пристап, затоа што ова место има потреба од таква поддршка, затоа што се работи за претставување на интересите на граѓаните и жалиме што мандатарот и за ова место одлучи да продолжи со методот на работа што го почна при креирањето на владата,“

изјави Азис Положани од ДУИ.
XS
SM
MD
LG