Достапни линкови

Бејрут: Израелските трупи ги продолжија борбите со Хезболах во Јужен Либан


Израелските трупи ги продолжија борбите со Хезболах во јужен Либан неколку часа откако Израелскиот совет за безбедност реши да ја прошири копнената офанзива. Според израелски дипломати, Израел ке ја држи оваа територија до распоредувањето меѓународни сили. Во меѓувреме во селото Кана денеска се палат телата на 54 те цивили два дена откако беа убиени во израелските воздушни напади. Вице премиерот Шимон Перез, зборувајки во Советот за надворешна политика моќна невладина организација во Њујорк рече дека во прашање е судбината на Либан од кој Хезболах сака да направи држава со иранска ориентација. Според неговите зборови, на Блискиот исток има две тенденции – шиитска со која раководи Иран и арапска.
XS
SM
MD
LG