Достапни линкови

Софија: Бугарија ќе ги исполни препораките на Европската Комисија за членство во ЕУ


Бугарскиот претседател Георги Прванов денеска во Софија изјави дека неговата земја ќе ги исполни препораките на Европската Комисија со цел зачленување во Европската Унија. Прванов ова го наведе на средбата со потпретседателот на Европската Комисија Франко Фратини кој престојува во Софија. Бугарија и Романија до есенета треба да ги забрзаат реформите и да ја зацврстат борбата против корупцијата доколку сакаат да станат членки на Унијата на први јануари две илјади седмата година.
XS
SM
MD
LG