Достапни линкови

Белград: Србија нема да се откаже од правата на Косово заради побрз прием во ЕУ


Србија нема да се откаже од своите права на Косово заради побрз прием во Европската Унија, изјави српскиот премиер Воислав Коштуница во интервју за весникот Данас. Според Коштуница, дел од меѓународната заедница гледа на независноата на Косово како единствена можност за покраината. Таа варијанта има многу недостатоци, изјави Коштуница кој повтори дека српскиот став не е променет: Косово е законски дел на Србија.
XS
SM
MD
LG