Достапни линкови

Хаг: Обвинителството на Трибуналот ќе поднесе жалба по пресудата за Ориќ


Обвинителството на Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија соопшти дека ќе поднесе жалба на пресудата за поранешниот командант на босанските муслимани Насер Ориќ кој доби две години затвор. Обвинителството бараше казна затвор од осумаесет години поради тоа што Ориќ на го спречил убивањето на српските затвореници во Босна. Ориќ, како што е познато, беше ослободен, бидејќи во казната му беше пресметано и времето минато во затворот на Хашкиот трибунал.
XS
SM
MD
LG