Достапни линкови

Летото бара посебен режим – повеќе овошје, помалку маснотии


Летниот период бара конзумирање на храна која не го оптоварува организмот. Тоа велат нутриционистите подразбира внесување на многу течности, големи количини овошје и зеленчук, но и почеста застапеност на мешункастите растенија во дневното мени.

„Се препорачуваат природно цедени сокови од различни овошја и зеленчуци коишто треба да ги консумираме преку цел ден, но да бидат разблажени со вода.,“

советува нутриционистот Тања Турунџиева

Според неа, начинот на исхрана во летниот период треба да биде сосема различен од зимскиот. Заборавете ја мрсната храна, жестоките алкохолни пијалоци и зачинетите јадења, препорачува Турунџиева.

„Треба да се избегнува масната храна, значи се она што е пржено, што е зачинето и содржи маснотии, значи да се избегнува месото, а да се премине на риба и морски плодови.“

Дали граѓаните внимаваат на исхраната во летниот период? Повеќето кои ги прашавме велат дека настојуваат да ја одбегнат мрсната храна.

„Да, обично ми пречат многу мрсни и кисели јадења, многу внимавам да бидат попосни јадењата.“
„Мрсното го одбегнувам, јадам овошје и зеленчук.“


Кога температурите се високи, задолжително треба да се одбегнува конзумирањето на солената и зачинета храна. Еве зошто

„Погрешна е теоријата дека со потењето се губи солта и треба да се јаде сол. Факт е дека се потиме на топло време, но треба умерено да се јаде сол, за да не се покачува притисокот.“

Препорачливо е да се конзумирааат три оброка дневно. Денот да се започне со
овошје, а меѓу два оброка лубеницата и дињата се одличен и здрав избор велат нутриционистите.
XS
SM
MD
LG