Достапни линкови

logo-print

Кана: Околу 50 загинати, меѓу кои и 20 деца во израелски напад на либанското село Кана


Околу 50 лица, меѓу кои 20 деца загинале во денешните воздушни напади на израелската армија врз либанското село Кана на југот од земјата. По овој напад на израелската армија, либанскиот премиер Фуад Сениора изјави дека нема простор за разговори, се додека израелската армија не прекине со нападите. Претходно израелскиот премиер Ехуд Олмерт пак, истакна дека на Израел ,,не му се брза,, со воспоставувањето примирје во Либан. По денешниот напад врз селото Кана, е откажана посетата на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс на Бејрут. Таа останува во Ерусалим на средба со останатите израелски претставници, откако синоќа оствари средба со израелскиот премиер Ехуд Олмерт на која се разговарало за распоредувањето на меѓународни сили во Либан, со цел завршување на кризата. Во меѓувреме агенциите јавуваат дека израелската армија ја преминала либанската граница кај израелското село Метула кон градот Хиам во Либан. Израел вчера го отфрли предлогот за прекин на борбите во Либан за 72 часа, со цел да се достави хуманитарна помош и да се евакуираат ранетите.
XS
SM
MD
LG