Достапни линкови

logo-print

Дали неизбирањето претседател на Собранието е пречка за доделување на мандатот?


Мандатот за состав на нова влада утре ке му биде доделен на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, информираат од кабинетот на претседателот на државава Бранко Црвенковски. Оттаму велат дека тој не сака да навлегува во различните експертски толкувања за правните дилеми што се појавија по неизбирањето на претседател на Собранието. Најважно е велат нормалното функционирање на институциите во земјава како и што поскорото формирање на Влада. По вчерашната конститутивна седница на Собранието се постави прашањето дали е пречка за доделување на мандат за состав на нова влада, фактот што не е избран претседател на парламентот. Експертите со поделени мислења. Некои велат за конституирање на парламентот доволно е да има 61 верификуван пратенички мандат и оттогаш почнува да тече рокот за определување на мандатар, некои пак сметаат дека за да се заокружи процесот на конституирање на парламентот, потребно е да се избере и прв човек на Собранието

„Не сум забележала врска помеѓу давањето на мандат и избор на претседател на Собранието. Тоа се две независни работи, бидејќи мандатот се дава на онаа партија која добила мнозинство на изборите. Изборите се завршени, се знае кој добил мнозинство и во определен рок се дава мандатот на лидерот на таа политичка партија“

„Седницата не е завршена, претседателот како што е познато и според моето мислење се уште немаме претседател на парламентот и се уште не почнал да тече рокот од 10 дена за да може претседателот на државата да го вика и да му довери мандат на мандатарот за формирање на новата влада“

Изјавија Мирјана малевска професор по парламентарно право на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и Осман Кадриу, професор по Уставен и политички систем на факултетот за општествени науки во Скопје.

Во мегувреме ВМРО-ДПМНЕ продолжува со разговорите за состав на владата. По речиси еднонеделен прекин денеска средба и со претставници на ДУИ

„Сакаме некако да го продолжиме тој дијалог, затоа што имаше еден мал застој предизвикан од прегласувањето, молкот“

Изјави Трајко Славевски од ВМРО-ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG