Достапни линкови

logo-print

Можат ли меѓународните мировни сили да донесат мир во Јужен Либан?


Можат ли меѓународни мировни сили да донесат мир во Јужен Либан. Како што конфлктот меѓу Израел и Хезболах се разгорува, така се зголемија и апелите за воспоставување вакви сили. Денеска во Рим на таа тема состанок на високо ниво на Соединетите Држави, Русија, европските земји и Јордан, Египет и Саудиска Арабија. Израел условено, ја прифаќа идејата, но предизвиците, како што јавува Џефри Донован, за реализација на идејата во практика изгледаат големи и обесхрабрувачки.

Обединетите Нации веќе имаат 2000 мировници во Либан и тие се таму повеќе од 25 години. Но тие тешко дека можеда да сторат нешто во врска со мирот затоа што, меѓу другото, проблемот е и во мандатот даден уште во 1978 година, вели Милош Струга портпарол на мисијата УНФИЛ.

„УНФИЛ нема законска моќ, никогаш и ја немаше уште од инвазијата на Израел врз Либан во 78 година. Ние немаме моќ да ги присилиме страните. Нашиот мандат е да набљудуваме и известуваме. Тоа и го правиме.“

Идејата за креирање голема силна мултинационална сила во Јужен Либан на Генералниот Секретар Кофи Анан и британскиот премиер Тони Блер се состои во тоа тие да патролираат во бафер зона во Јужен Либан од каде што ќе бидат отстранети милитантите на Хезболах со што ќе нема натамошно истрелување ракети врз Израел. Условни Израел ја прифаќа идејата. Министерот за одбрана Амир Перец сугерира дека тие сили би можеле да бидат водени од НАТО или членките на Европската Унија. Експертот Нил Килијан од Лнодн вели дека Израел верува оти со деградирање на Хезболах и во наредните денови, ќе може да се создаде терен за распоредување такви сили.

„Ние веројатно ќе видиме значајно оштетување на Хезболах со што Израелците ќе се чувствуваат комотно, првенствено ако сили предводени од Европа го имаат следниов мандат. Прво, полиција на границата. Втор продолжување на разоружување на Хезболах, и трето – работа со Либанската влада за да си го врати суверенитетот врз Јужен Либан.“

Меѓутоа, изралците не веруваат дека во Нато е можен консензус за таква деликатна мисија, меѓу другото и поради презафатеноста на Алијансата која се готви да ја преземе мисијата во Авганистан, една од најголемите и најопасни мисиии досега. Второ, проблемот е што водечките европски земји се вмешани во иранското нуклеарено прашање, а Иран е клучен подржувач на Хезболах. Доколку Британија, германија и Франција бидат вклучени во тие сили ќе се комплицираат работите и прашање е дали тие ќе можат да ги исчистат остатоците од Хезболах во Јужен Либан Токму поради тоа,вели Килијан, американците засега се воздржани и му даваат време на Израел да го ослаби Хезболах во Јужен Либан.
XS
SM
MD
LG