Достапни линкови

Државата мора да води сметка за човековите права во борбата против исламските радикали


Државата во борбата против исламските радикали кои превземаат активности што би ја загрозиле безбедноста мора да води сметка за човековите права. За спречување на заканите за безбедност неопходна е соработка во тој контекст и со странските безбедносни служби, но сето тоа понекогаш може да премине во загрозување на човековите права, посочува стручната јавност и укажува на случајот Ел Масри. Државата секогаш треба да ги заштитува правата, а не да ги злоупотребува, вели адвокатот Јован Јоанидис кој додава дека во случаи кога е потребно нивно ограничување тоа мора да биде оснвано

„Затоа што во ера на телекомуникации, на можност за следење на сите повици и на сите движења, на движења на групи и групации преку сателит, државата уште како може и мора да знае кој е член од тие терористички групи, за да може да го спречи. А не со претпоставка: тој е католик, значи тој е во некоја верска групација или е муслиман, па е радикалист. Со претпоставките само се нанесува штета и се повредуваат човековите права“.

Слична е состојбата и во земјите од регионов. Сенад Слатина директор на Центарот за европска интеграциска стратегија од Сараево вели дека во бобрабата против заканите за безбедност мора да се постапува професионално и само во тој случај можат да се заштитат човековите права

„Секогаш во тнр. борба против тероризмот мора да се води сметка и мора да се има правилен баланс кон една сигурно голема подготвеност да се посвети на тоа прашање, но и голема подготвеност да се посвети големо внимание на човековите права, да се настапува професионално“

Драган Симеуновиќ, професор на Факултет за политички науки во Белград посочува дека државите во регионов бидејки се слаби постојано се под лупа на мегународната заедница

„Не може да се сопре од таа причина што тоа е деликатно прашање. Доколку власта тргне да го сузбива со остри мерки исламистичкиот екстремизам, таа сигурно ќе го зафати прашањето на човековите права и ќе треба да одговара пред меѓународната заедница. А исламските екстремисти тоа добро го знаат и се кријат зад тоа“.
XS
SM
MD
LG