Достапни линкови

Ерусалим: Посета на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс


Израелскиот премиер Ехуд Олмерт пред денешните разговори во Ерусалим со американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека неговата земја ќе преземе остри мерки против Хезболах. ,,Израел е решен да ја продолжи борбата против Хезболах кој е виновен за страдањата на цивилите не само во Израел, туку и во Либан,, изјави Олмерт. И според Рајс, Хезболах е виновен за либанските цивилни жртви. Изутрината, како што јавија агенциите, едно седумчлено семејство, меѓу нив и две деца, загинале во израелски воздушен напад во јужен Либан. Во меѓувреме, израелската армија соопшти дека освоила едно упориште на Хезболах и оти во денешните борби загинале двајца израелски војници.
XS
SM
MD
LG