Достапни линкови

Некои тврдат дека ќе работат, некои заминуваат на одмор


За некои од политичарите, ова лето ќе биде работно и нема да го користат годишниот одмор. За други пак, иако подоцна од досега вообичаените термини за летување, време за одмор сепак ќе има.
Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека доколку има одмор од една недела, најверојатно ќе замине да ги посети своите пријатели во Германија.

„Ако добијам седум дена слободно, може да ги потрошам за едно патување до Германија, за видување со пријатели и со мојот професор. Тоа би било се“

Емилијан Станковиќ од Социјалдемократскиот Сојуз вели дека летово ќе одмора во септември, но се уште не одлучил на кое место.

„Може да одам и во Македонија на одмор, бидејќи планирам да одам некаде во септември. Тоа не значи дека би одел стриктно на море, може да одам и на некоја планина да се одморам“

За Горан Мисовски од Нова Социјалдемократска партија, летово ќе биде работно. Поради работните обврски во партијата, Мисовски вели оти ќе го одложи годишниот одмор.

„Продолжуваме со работа, со обврските што ќе ги имаме во парламентот, со партиските активности. Значи, оваа година за мене нема одмор“.

Блаже Стојановски од ВМРО-Народна партија, ќе одмора десттина дена во соседната Грција.

„На 26-ти има конституитивна седница, значи, престанува мандатот на старите пратеници и после тоа мислам дека човек треба да се тргне малку на страна и да се посвети на семејството и на психофизичките одмарања“.

Џевад Адеми од Демократската Унија за интеграција вели дека ќе се обиде да најде време за неколку дена одмор на местото кое секоја година традиционално го посетува со своето семејство.

„Во Драч, Албанија. Ако немам време јас да се одморам, ќе ги носам моите, ќе ги оставам таму па пак ќе одам да ги земам. Така решивме фамилијарно“

И Џемаил Саити од Демократската партија на Албанците ќе летува со своето семејство на Албанското крајбрежје, на годинава се популарната дестинација Саранда.

„Јас со сопругата и моите две ќеркички годинава ќе летуваме најверојатно во Саранда и очекуваме таму да поминеме добри моменти и да бидат како поттик за успешно продолжување на годината“.

изјави Саити.

Поради парламентарните избори летово, политичарите велат дека имаат потреба од неколкудневен одмор во друштво со семејството или своите пријатели.
XS
SM
MD
LG