Достапни линкови

Багдад: Во две експлозии на автомобили бомби, загинаа речиси 50 лица


Околу 50 ирачани загинаа во два одвоени напади во земјата. 33 лица загинале, а повеќемина се повредени при експлозија на автомобил бомба на еден преполн пазар во претежно шиитската населба Садр Сити, во Багдад. Во друг одвоен напад, исто така со автомобил бомба во градот Киркук, загинале најмалку 15 лица, а 30 се повредени. Агенциите исто така пренесуваат дека во борбите меѓу американските трупи и припадниците на т.н. шиитска милиција на радикалниот водач Моктада ал Садар, во јужен Багдад, биле убиени 15 лица, а загинал и еден ирачки полицаец.
XS
SM
MD
LG