Достапни линкови

Бејрут: Продолжуваат израелските напади врз Либан, но и нападите на Хезболах врз израелски територии


Израелската армија продолжува со бомбардирањето на Либан, а изминатата ноќ биле бомбардирани упоришта на Хезболах, во јужниот дел на Бејрут при што одекнале најмалку пет силни експлозии. Израелската војска извршила воздушни напади и врз либанските градови Сидон, Балбек и Ал Манара, при што загинало едно лице, а неколкумина се повредени. Трупите на Израел во рамки на копнената офанзива во Либан го зазедоа селото Марун ал Рад, упориште на милитантите на Хезболах. Во меѓувреме Хезболах извршил преку 40 ракетни гранатирања врз северните израелски градови, при што се повредени 16 лица, а во градот Хаифа загинале две лица. Израелскиот министер за одбрана Амр Перетц, по средбата во Ерусалим со германскиот министер за одбрана Франк Волтер Штајнмаер изјави дека офанзивата врз Либан ќе продолжи се додека герилците на Хезболах не бидат приморани да се повлечат од границата со Израел. Во многуте дипломатски средби за решавање на кризата, најавена е посета на регионот и на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс.
XS
SM
MD
LG