Достапни линкови

logo-print

Виена: Утре за прв пат разговори меѓу српските и косовските власти за статусот на Косово


Утре во Виена за прв пат ќе биде одржан состанок на ,,највисоко ниво,, меѓу претставниците на Белград и Приштина посветен на косовскиот статус. На преговорите, српската делегација ќе биде предводена од претседателот Борис Тадиќ, премиерот Воислав Коштуница и министерот за надворешни работи Вук Драшковиќ, а делегацијата на Косово ја сочинуваат претседателот Фатмир Сејдиу, премиерот Агим Чеку и претседателот на Парламентот Кољ Бериша. Делегацијата на Косово изјави дека ќе се залага за независност, а српската делегација, како што е соопштено, за автономија на Косово во границите на Србија.
XS
SM
MD
LG