Достапни линкови

Москва: Откажана посетата на грузискиот претседател Михаил Саакашвили


Грузискиот претседател Михаил Саакашвили ја откажа денешната посета на Москва на која требаше да учествува на средбата на лидерите на Заедницата на независни држави. Не се соопштени причините за откажувањето на посетата. Сепак, според агенцијата Ројтерс, до тоа дошло поради одбивањето на рускиот претседател Владимир Путин одвоено да се состане со Саакашвили.
XS
SM
MD
LG