Достапни линкови

Ерусалим: Израел почна да ги повикува жителите на Јужен Либан да ги напуштат своите домови


Израел, според последните информации, почна да ги повикува жителите на јужен Либан да ги напуштат нивните домови. Ваквиот потег, според посматрачите, претставувало подготовка за можна израелска копнена инвазија во тој дел на Либан. Израелската порака се емитува преку медиумите на арапски јазик во регионот. Изреал најави дека ќе отвори коридор од Кипар до Либан за хуманитарна помош. Во меѓувреме, израелската армија соопшти дека ракети истрелани од милитанти на Хезболах врз северен Израел погодиле еден набљудувачки пункт на Обединетите нации. Не е прецизирано дали во пунктот имало луѓе.
XS
SM
MD
LG