Достапни линкови

logo-print

Либан: Продолжуваат израелските воздушни напади


Израел денеска ги продолжи воздушните напади врз цели во Либан. Продолжуваат и борбите со герилците на Хезболах на либанска територија. Во нив досега загинале четворица израелски војници. Во интервју за телевизијата Ал Џезира, лидерот на Хезболах Хасан Насралах ги демантира тврдењата на Израел дека во десетдневната офанзива биле преполовени: ракетниот арсенал и раководниот кадар на Хезболах. Инаку, Израел синоќа ги отфрли барањата на генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан за итен прекин на непријателствата во кои досега загинаа над триста либанци, пред се цивили, а над петстотини илјади се раселени.
XS
SM
MD
LG