Достапни линкови

Македонската геополитичка позиција привлечна за радикални исламисти


Македонската геополитичка позиција е привлечна за радикални исламисти, сметаат експертите по прашањето дали во Македонија има услови или дали таа е интересна за исламските радикали

„Позицијата е привблечна во секој случај бидејќи е еден дел од клучниот, централен простор на Балканот. Понатаму, веројатно во претставите на евентуални такви кругови, особено центри надвор од Македонија коишто се насочени кон формирање на бази на фундаментални исламистички групи, Македонија ја гледаат и во врска, на шример, со Косово, Санџак, Босна и слично и Македонија секогаш во геополитичка смисла беше поврзувана со таква можност или такви опасности“

Изјави професорот владо Поповски поранешен министер за одбрана. Професорот Назми Малики од Универзитетот на Југоисточна Европа во тетово смета дека во Македонија нема услови за вакви радикални појави, бидејки како што вели тој населението од исламска вероисповест гаи ислмамизам поврзан со традиционални вредности од што се гледа дека верата не може да биде проблем, како и дека населението не прифака радикален исламизам

„Имајќи предвид дека во Република Македонија муслиманското население е автохтоно во кое се гаи еден исламизам што потекнува од Куранот, навистина се работи за верници кои и досега, во минатото, чесно ги развивале овие верски благодети или вредности“.

Професорот Поповски посочува дека радикалните исламисти секогаш ке се обидуваат да го прошират своето делување, но во македонија населението главно не го прифака тоа

„Предоминантното расположение на граѓаните со исламска вероисповест во Република Македонија не е наклонето на фундаменталистички центри коишто воведуваат еден нов став поврзан со исламот, со оној борбен, агресивен ислам. Спротивно, ние се осведочивме дека најголемиот број на припадниците на исламската вероисповед, припаѓаат на традиционалниот, мирољубив и толерантен ислам, поврзан со принципите на сожителство и мир“.
XS
SM
MD
LG