Достапни линкови

Соработка во регионот за спречување на дејствувањето на радикалните исламски структури


За да се спречи дејствувањето на радикалните исламски структури потребна е соработка мегу надлежните институции од земјава со оние од државите во регионот, коментира стручната јавност по пласираните информации дека исламски екстремисти делуваат на територијата на Македонија. Институциите во земјава треба прво добро да се координираат и тоа министерството за внатрешни работи и Агенцијата за разузнавање, но тие сами не можат да го спречат нивното дејствување

„Постојат повеќе информации дека подолго време во Република Македонија, но и во балканските држави – Косово, Албанија, Босна и Херцеговина – дека се присутни и дека дејствуваат радикални исламисти. Сигурно дека сите овие држави треба меѓу себе да соработуваат за да се спречи делувањето на вакви радикални структури. Република Македонија досега преземала соодветни мерки за неутрализирање на поагресивна активност на овие радикални групи, меѓутоа, самостојно таа не може да се справи бидејќи тој проблем е со пошироки димензии и затоа е неопходна соработка со другите балкански држави“

Изјави Павле Тарјанов поранешен министер за внатрешни работи кој додава

„Пред се, ова е работа на контраразузнавањето и на разузнавањето во нашата држава. Тие треба многу сериозно да пристапат кон овој проблем и како што реков, неопходна е соработка со сите соседни држави, но пред се соработка со странските служби, при што пред се мислам на американската служба за разузнување, којашто има голем број на информации“

Од министерството за внатрешни работи велат радикалниот ислам е проблем на сите земји, а македонските надлежни институции ги следат сите потенцијални закани за безбедноста на земјата

„Воопшто, практикувањето на радикалниот ислам е проблем којшто го имаат сите европски земји. Како што сите европски земји се бават со оваа проблематика, така и МВР ги следи ваквите случувања и нормално, презема мерки за сузбивање на ваквите појави и проблеми. Впрочем, должност на МВР е да ги следи сите закани кон безбедноста на државата и уставното уредување, меѓутоа, нормално, јавно не можеме да кажеме кои мерки ги преземаме и со што располагаме“

изјави Горан Павловски од МВР.
XS
SM
MD
LG