Достапни линкови

Сликата за изборите треба да се одржи


Од сите 29 избирачки места кадешто денеска се прегласува, гласањето е прекинато во избирачкото место во Грчец, во општината Сарај, соопштија од Државната изборна комисија. Оттаму и со став дека актуелни паратеници не можат да бидат набљудувачи, додека кандидати за паратеници имаат право да го набљудуваат изборниот процес, но само надвор од нивните избирачки региони.

„Добиени се податоци од сите 29 избирачки места и одѕивот е 8,06 отсто. До Државната изборна комисија е пристигната информација дека во избирачкото место во Грчец, 2437, гласањето било прекинато. Дополнително ќе дознаеме од која причина било прекинато гласањето“

Поради нерегуларности на денот на парламентарните избори од 5 јули, повторно се гласа во општините Сарај, Боговиње, Струга, Зајас, Врапчиште, Тетово, Сопиште и во Гостивар. На овие избирачки места регистрирани се вкупно 27 036 гласачи.

За едно пратеничко место се прегласува во првата и во петтата изборна едииница, а во тетовско-гостиварскиот регион за два пратенички мандата, по што ќе се знае конечниот состав на Парламентот.

Од граѓанската асоцијација МОСТ соопштија дека денешното прегласување на парламентарните избори го следат со 29 статични набљудувачи, кои се распоредени на секое гласачко место кадешто се прегласува. Оттаму уште еднаш упатија апел до учесниците во изборниот процес.

„Граѓанската асоцијација МОСТ ги потсетува учесниците во изборниот процес дека треба да ја одржат сликата за изборите и да обезбедат прегласување во мирна и фер атмосфера“

изјави Славица Билјарска, портпарол на граѓанската асоцијација МОСТ.

Од мисијата на ОБСЕ информираат дека акредитиараните странски набљудувачи од ОДИХР си заминале, но најавија дека прегласувањето го следат 30 дипломати акредитирани во земјава. Претставниците на меѓународната заедница вчера упатија апел до сите политички партии да обезбедат слободно, фер и мирно гласање во текот на денешниот изборен процес.

„Ги повикуваме сите лидери на политичките партии да гарантираат дека нивните следбеници ќе се воздржат од провокации, како и од застрашување на спротивната страна за време на процесот на гласање. Како ќе се спроведе ова гласање е исто толку важно за целите на оваа земја, како што беше важно гласањето на 5 јули,“

се вели во заедничката изјава на специјалниот претставник на ЕУ, Ерван Фуере, шефот на ОБЦЕ, Кралос Паиш,високиот воен претставник на НАТО, генералот Џон Дуранс и на вршителот на должност амбасадор на Соединетите Држави, Пол Волерс.

Прегласувањето во трите изборни единици, следи откако Врховниот суд прифати дел дел од жалбите што партиите ги поднесоа за нарушување на изборниот процес одржан на 5 јули.
XS
SM
MD
LG