Достапни линкови

На Македонија и треба и трет оператор


Неодамна во медиумите повторно се актуелизира прашањето за влез на трет мобилен оператор. За сега, во државата има два, „Мобимак“ и „Космофон“:

„Цената на импулсите е висока за наши, македонски стандарди“
„Секаде каде што се движам низ Македонија добивам врски и во таа смисла сум задоволен“.
„Само цените не чинат, другото е добро“


Некои, пак како што велат, воопшто не се задоволни од услугите што им се нудат и единствениот спас го гледаат во влез на трет мобилен оператор:

„Воопшто не сме задоволни и да даде господ да дојде трет мобилен оператор и тогаш можеби ќе има конкуренција ако не се договорат меѓу себе. Кога ќе го потпишеш договорот, се е примамливо, додека ги направиш првите две сметки. А потоа, разговарам постојано исто, а сметките ми се поголеми. И водам есап. Точно запишувам и ги чувам сите броеви, а не излегува во телефонот на листингот“

Има и граѓани кои поради високите цени не може да се дозволат мобилен телефон:

„Како прво, јас сум невработен и не можам да користам мобилен. Не можам да подигнам кредит. А скапи се цените. Можеби има и некои евтини, меѓутоа, работата е во дополнување на кредитот. Како што јас, на пример, од принцип би потрошил најмалку 500 денари мнесечно, а тоа за мене е многу“

И економистите со став, дека влезот на трет мобилен оператор може да има само позитивни ефекти кои ќе ги почувствуваат граѓаните во пониски цени:

„Влезот на трет мобилен оператор уште повеќе ќе ја заостри конкуренцијата, ќе ја зголеми понудата и бенефициите за граѓаните ќе бидат уште поголеми. Сигурно дека ќе дојде и до натамошен пад на цените. Во секој случај, колку е поголема понудата, толку поголеми се и поволностите за граѓаните како крајни корисници на тие услуги“

вели Димитар Богов, од центарот за економски анализи и додава:

„Имаме постојано секојдневна борба помеѓу двата мобилни оператори и постојано се нудат нови услуги и нови поволности за граѓаните“
XS
SM
MD
LG