Достапни линкови

Десери илјади Либанци и странски државјани во напуштаат Либан


Десетици илјади либанци и странски државјани го напуштаат Либан, бегајќи пред израелските воздушни напади. Европската Унија, Русија и Соединетите Држави преземаат операции да ги евакуираат своите граѓани. Сириските власти велат дека над сто илјади луѓе, три четвртини од нив странци, влегле во таа земја од Либан во изминативе шест дена. Досега од израелските напади загинале повеќе од двесте либанци. Во ракетните напади на Хезболах врз Израел пак, загинале над дваесет израелци.

Изреал најави дека ќе ја продолжи офанзивата се додека Хезболах не ги врати двајцата киднапирани војници и додека Либан не ја преземе контролата врз јужниот дел на земјата каде што се позициите на Хезболах. Не се исклучува ни можноста од израелски копнени акции против оваа шиитска милитантна група која е дел од либанската влада. Во изминативе денови Хезболах истрела врз Израел илјадници ракети, меѓу нив и каќуши. Тоа, според експертите, не треба да зачудува.

„Каќуша ракетите што Хезболах ги има добиено од Иран и Сирија, како и другите типови ракети со долг дострел не претставуваат никаква новост. Хезболах ги има уште пред десетина години. Според некои податоци, Хезболах поседува најмалку дванаесет илјади ракети.“

Вели Надим Шехади, експерт за Блискиот Исток од Лондон, додавајќи дека Хезболах со ракетните напади сака да го натера Израел на преговори за затворениците.

„Стартегијата на Хезболах е да го застрашува Израел. Грабнувањето на двајцата израелски војници има за цел да се изнуди ослободување на членови на Хезболах кои се наоѓаат во израелските затвори.“

Со ова се согласува и аналитичарот Нил Гилијан кој сепак додава дека Хезболах со овие напади сака да упати уште една порака: дека нема да дозволи спроведување на одлуката на Советот за безбедност за негово разоружување.

„Хезболах сака да покаже дека е постојан играч во Либан и оти нема да дозволи да биде маргинализиран од блискоисточниот процес. Хезболах за себе мисли дека е единствената сила која може да му се спротивстави на Израел.“

Од своја страна пак, Израел настојува да покаже сила, меѓу другото, и со воздушни удари врз позициите на Хезболах. Грабнувањето на двајцата израелски војници, всушност претставува нарушување на митот за неранливоста на израелските сили, вели Шехади:

„Овој мит е многу важен за безбедноста на Израел и доколку биде нарушен тоа ќе биде голема опасност за земјата. Деновиве Изреал сака да да го зачува митот дека е надмоќен и непобедлив и оти е подготвен на секој напад толку силно да одговори што на никој друг веќе нема да му текне да го стори истото.“

Наведува Шехади, додавајќи дека сличните стратегии на Израел и на Хезболах го отежнува патот до прекин на непријателствата во кој гинат и невини цивили.
XS
SM
MD
LG